Прославениот боксер Мајк Тајсон повторно е во центарот на вниманието откако беше дел од инцидент што се случи во авион. Тајсон истепа еден друг патник, кој претходно го провоцирал некогашниот боксер.
Од таборот на Тајсон објаснија што се случило пред инцидентот. Тајсон првично му ја исполнил желбата на човекот за да направат заедничка фотографија, а потоа патникот сакал да продолжи да зборува со Тајсон. Прославениот боксер едноставно не сакал да комуницира со човекот кој видно било дека е пијан.
Пијаниот патник постојано му дофрлал на Тајсон, а трпението на боксерот ја надминала границата откако кон него било фрлено со пластична чаша полна со вода. Тогаш Тајсон реагирал и решил да му даде неколку „воспитни“.
Инцидентот се случил на летот од Сан Франциско кон Флорида. Полицијата имала разговор со двајцата учесници во инцидентот, но никој не е приведен.
Тајсон е поранешен светски првак кој во кариерата има 58 борби од кои 50 му се победнички (44 нокаути). Загуби шест пати, а два меча биле неважечки.