Пари Сен Жермен се спаси од пораз на свој терен во дуелот со Монако откако одигра само 1:1, во дуел од четвртото коло од француското првенство. Парижани беа големи фаворити пред мечот, но гостите беа тие кои водеа, додека Светците се спасија од пораз благодарение на голот од пенал.
Пеналот кој беше направен врз Нејмар го изведе бразилскиот репрезентативец. Тоа беше малку чудно ако се знае дека Килијан Мбапе е прв изведувач на ударите од белата точка, но тренерот Кристоф Галтие даде објаснување.
„Мбапе е наш прв изведувач на пеналите и тоа не се смени ниту на овој меч со Монако. Нејмар е втор на листата, но Бразилецот во разговор со Килијан се договорија тој да го шутира ударот од белата точка. Мбапе веднаш му честиташе за постигнатиот гол. Такви работи треба да функционираат во екипата, тоа е договор. Овојпат договорот беше Нејмар да шутира“, објасни Галтие.