Стигна пресудата за Белингам за „случајот Гринвуд“

Џуд Белингам и Мејсон Гринвуд имаа вербален конфлинт за време на дуелот меѓу Реал Мадрид и Хетафе, по што беше подигната постапка против ѕвездата на Кралскиот клуб.

Градското дерби кое се играше на 1 февруари заврши со победа на Реал на гости со 2:0, а по завршување на дуелот, од Хетафе упатија жалба против Белингам, кој наводно го навредил Гринвуд нарекувајќи го „силувач“.

Гринвуд имаше лоша епизода во Англија кога од една девојка беше обвинет за силување, а сега од Хетафе потенцираа дека Белингам токму со таква квалификација го навредил нивниот фудбалер.

По жалбата, од Примера дивисион го разгледаа случајот и според весникот „Марка“ веќе е донесена одлуката за овој случај. Белингам нема да добие никаква санкција, затоа што од видео снимките не можело со сигурност да се утврди дали Белингам го изговорил зборот „силувач“ за Гринвуд.

Според тоа, Белингам кој веќе има суспензија од два меча поради директниот црвен картон на дуелот со Валенсија, нема да добие дополнителна казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести