Од вчерашното најавување дека Лионел Меси ќе си замине од Барселона, речиси и да нема клуб кој не изрази желба да го води аргентинскиот виртуоз во своите редови. Од многуте понуди, шпекулации, најави, но и досетки, сигурно една од најоригиналните е таа на нашиот второлигаш Осогово.
Клубот кој е дел од Втора лига Исток, на својот официјален твитер-профил на шеговит начин се вклучи во „трка за потписот на Меси“. Според твитот кој е постиран, од Осогово се подготвени на компензација со Барселона за да го добијат Меси, и тоа само на еден месец.
„Компензацијата е спремна! Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона! Договорот е за 1 месец. П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу!“, стои во твитот на Осогово.
Без сомнение, оригинална понуда на тимот кој доаѓа од градот познат по квалитетниот ориз.
Компензацијата е спремна!
Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона!
договорот е за 1 месец.
П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу! #AvantiOsogovo💛💙 pic.twitter.com/hyr9upFSWI— GFK Osogovo (at 🏡) (@gfkosogovo) August 26, 2020