32.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Стигнаа првите информации околу повредата на Меси

Интер Мајами се пласираше во следната фаза од  Лига купот во Средна и Северна Америка, но на овој меч се повреди Лионел Меси. Само неколку минути од почетокот на мечот, Меси остана да лежи на теренот, жалејќи се на повреда на бутниот мускул.

Сè се случи по судир со неколку противнички играчи пред шеснаесетникот на Некакса. Му беше укажана помош на теренот, но потоа беше одлучено дека не може да го продолжи натпреварот.

По мечот, стигнаа позитивни првични информации, а тоа е дека повредата не е толку опасна. Соиграчот на Меси, Теласко Сеговија, откри што му кажал Лео веднаш на теренот.

„Го прашав како е и рече дека е добро“, рече Сеговија.

Жорди Алба кој беше соиграч со Меси и во Барселона, а утрово го постигна израмнувачкиот гол во 92-та минута од натпреварот за да има пенали, по натпреварот одговори на прашање поставено за Меси.

„Многу е тажно за целиот тим што најдобриот играч во светот, во историјата, е повреден. Тој е важен играч. Штета. Се надевам дека не е сериозно бидејќи ни е потребен“, вели Алба.

Тренерот Хавиер Маскерано беше малку поконкретен.

„Па, почувствува непријатност и нема да знаеме до утре колку е сериозна повредата. Веројатно има нешто таму. Можеби не е толку важно, бидејќи навистина не почувствува никаква болка. Но, почувствува истегнување“, објасни Маскерано.

- Оглас -

Најнови вести