Српскиот тренер кој работеше во тимот на Голден стејт, Дејан Милојевиќ, ненадејно почина од срцев удар само на 46 години. Трагедијата се случи за време на вечера на која биле кошаркарите и тренерите на Воините. Милојевиќ веднаш бил префрлен во болница, но, за жал, лекарите не успеале да го спасат.
Милојевиќ беше еден од најталентираните тренери од Србија. Беше на чело на Мега цели осум години, до 2020 година, а потоа работеше и во Будуќност, па во 2021 година замина во НБА и работеше во Голден стејт, тимот со кого го освои и шампионскиот прстен во 2022 година.
И како играч, Милојевиќ беше одличен. Трипати беше МВП на АБА-лигата со Партизан. Како дел од репрезентацијата на Србија и Црна Гора, во 2001 година стана европски првак. Токму затоа популарниот Деки беше многу сакан и почитуван и во САД и во Србија.
Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, зборуваше за Милојевиќ, а посебно го потенцира вчерашното „испраќање“ на Дејан за време на мечот меѓу Партизан и Мега, кога повеќе од 20.000 луѓе го скандираа неговото име.
„Ова ми е најтешко нешто во мојата кошаркарска кариера. Тоа беше срцепарателно. Тешко ми е да опишам како поминаа овие неколку дена. Не знам дали го гледавте тоа што беше во Белград. Играа двата негови поранешни клубови. Во Мега беше тренер, а во Партизан беше вистинска ѕвезда. Не знам дали некогаш некому друг му биле дадени такви почести. Целата екипа го гледаше испраќањето на Деки во белградската Арена. Потоа моравме да го откажеме и тренингот“, меѓу другото, рече Кер, кој беше облечен во маица на која пишуваше „Брате“, а во срце беа ставени иницијалите на Дејан Милојевиќ.
За тоа каква атмосфера направија навивачите на Партизан во чест на Милојевиќ, може да видите ТУКА.
Steve Kerr explained the “heartbreaking” and “devastating” past week since assistant coach Dejan Milojević’s death pic.twitter.com/kVXUnA60Hj
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) January 22, 2024