15.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Стивен Џерард и Славен Билиќ се главните кандидати за нов тренер на Миовски во Ренџерс

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, остана без тренер во Глазгов ренџерс откако од клубот одлучија да го отпуштат Расел Мартин во неделата по ремито (1-1) против Фалкирк.

Неколку имиња се споменуваа како кандидати за испразнетото тренерско столче во Ренџерс, но во преден план е англиската легенда, Стивен Џерард, но и Хрватот Славен Билиќ.

Според медиумите на Островот, Џерард денес ќе седне со раководството на клубот од Шкотска на преговори и се очекува лесно да се договорат, со оглед на фактот дека легендарниот фудбалер веќе го водеше клубот.

Сепак, доколку се случи нешто непредвидливо и не биде постигнат договор, тогаш во прв план ќе избие поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ.

- Оглас -

Најнови вести