Стивен Џерард: Ливерпул и да освои титула, раната од 2014 ќе ме боли (Видео)

Некогашниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, вели дека неговата грешка и лизгањето на мечот со Челзи во 2014 година, кога „црвените“ примија гол и ја загубија титулата, ќе му остават отворена рана до крајот на животот. Дури и ако клубот сезонава ја освои Премиер лигата, болката на Џерард нема да исчезне.

„Раната е отворена од 2014 година. Се надевам дека Ливерпул ќе освои титула, но нема да се намали болката кај мене“, вели актуелниот тренер на шкотскиот Ренџерс, чие лизгање на „Енфилд роуд“ придонесе Демба Ба да даде гол за Челзи и со тој пораз, Ливерпул остана без титула, а трофејот го освои Манчестер сити.

Иако имаше богата кариера, освои Лига на шампиони, Џерард за 17-те сезони во Ливерпул најмногу ќе го паметат по лизгањето.

„Бев мал кога Ливерпул за последен пат беше првак на Англија, навивам за тимот од мојата седумгодишна возраст. Нормално е дека навивачите повеќе ја посакуваат титулата. Се надевам дека Клоп ќе го намали притисокот врз екипата“, додава Џерард, кој смета дека да се биде тренер, значи и помалку спиење.

https://www.youtube.com/watch?v=DQcGV0ccMy4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести