Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Стивен Џерард, е еден од кандидатите за нов тренер на Глазгов ренџерс. Џерард веќе има искуство во Шкотска, со оглед на тоа дека беше предводник на Ренџерс од 2018 до 2021 година, кога успеа да го освои трофејот од шкотската Премиер лигата.
Сепак, освен Џерард, како кандидати се споменуваат и Гери О’Нил, Роб Едвардс и Расел Мартин. Глазгов ренџерс во февруари оваа година го отпушти Филип Клемен, а како привремено решение го крајот на оваа сезона беше назначен Бери Фергусон.
Џерард тренерската кариера ја започна во младинската екипа на Ливерпул, а потоа го имаше и првиот ангажман во сениорска конкуренција го имаше токму во Глазгов ренџерс. Следуваше авантура во Астон вила, а потоа и во Саудиска Арабија, во екипата на Ал-Итифак, од каде си замина во јануари годинава.