Глазгов Ренџерс им даде многу причини за радост на своите навивачи, откако славеше со 1:0 против Селтик во едно од најстарите дерби мечеви во светот. Популарното „Олд Фирм“ дерби, беше решено во 30 минута, кога Рајан Џек погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како доволно за победа. Трибините на „Иброкс“ стадионот едноставно експлодираа од радост, при постигнувањето на голот.
Rangers at home to Celtic https://t.co/J8noq2GduX
— Cr¥ptoMuz£ (@CryptoMuze) December 29, 2018
За Ренџерс ова е прва победа против Селтик по таа во март 2012 година. Во овој период Селтик имаше 12 победи и три нерешени.
Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард како играч има победувано во многу дерби дуели, но кога се работи за тренерската кариера, ова дефинитивно е негова најважна победа.
Со освоените три бода, Ренџерс сега се израмни со Селтик на врвот на табелата. Двата тима имаат по 42 бодови, но Селтик има меч помалку.