Актуелнот англиски првак Ливерпул уште на половина од сезоната речиси ги загуби сите шанси да го одбрани тронот во Премиер лигата. Ливрпул заостанува дури 14 бодови зад лидерот Арсенал. Последните четири средби Ливерпул ги одигра нерешено, а посебно разочарувачки беше последното реми на „Енфилд роуд“ против Барнли кој многу веројатно е дека ќе испадне од лигата.
Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард имаше свое видување и реакции по последниот разочарувачки резултат.
„Со цел респект кон противникот, ремито против Барнли на домашен терен е недозволиво. Треба да сме критички кон Ливерпул, затоа што и покрај серијата без пораз, нерешените дуели на свој терен против екипи како Лидс и Барнли е нешто што не треба да се случува“, рече Џерард, кој го критикуваше и тренерот Арне Слот, но сепак додаде дека стратегот заслужува кредит да остане на чело на екипата.

