Шпанија и Бразил одиграа фантастичен меч на „Сантијаго Бернабеу“, кој на крајот заврши 3:3. Убави голови, фантастични акции, многу неизвесност и драматичен финиш видоа навивачите, кои знаеја да го поздрават секој одличен потег.
Бразилците се радуваат затоа што нивната голема надеж, Ендрик, втор меч по ред постигнува гол и покажува дека е иднината на Кариоките. Сепак, не е само Бразил тој којшто има фантастични тинејџери, затоа што Шпанија на спротивната страна беше предводена од 16-годишниот Ламин Јамал. Овој фудбалски дијамант, првпат заигра на „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот беше испратен со стоечки овации, кога беше заменет во 90+2 минута.
https://twitter.com/i/status/1772752891196866924
Јамал едноставно беше незадржлив за противниците, а мадридската публика која има пребирлив фудбалски вкус, знаеше да го награди тинејџерот кој во иднина сигурно нема да има толку топол пречек на „Сантијаго Бернабеу“ кога ќе гостува како играч на Барселона.
Во последниве 20-тина години, Јамал е само трет фудбалер на Барселона кој добил овации во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Пред него тоа го почувствуваа само Роналдињо во 2000 година, кога Бразилецот ги покори Кралевите во Ел Класико, и Андрес Иниеста во 2010 година, кога играчот на Барселона го даде голот за светската титула на Шпанија на Мундијалот во Јужна Африка.
2000’s Ronaldhinio
2010’s Andres Iniesta
2020’s Lamine YamalStanding ovation at Santiago Bernabau pic.twitter.com/DAXMf8upOL
— SK10 (@SK10_Football) March 27, 2024