Единствениот Бугарин кој е меѓу 100-те најдобри фудбалери на сите времиња, Христо Стоичков, в четврток ќе ја објави својата автобиографска книга „Христо Стоичков – историјата“, а денеска бугарските медиуми открија мал дел од она што го пишува внатре.
Стоичков кој е легенда на Барселона, а во Бугарија се прослави каки играч на ЦСКА Софија, имал недоразбирање со актуелниот премиер Бојко Борисов, на кого омилени тимови му се Реал Мадрид и Левски, најлутите ривали на Барса и ЦСКА.
„Три или четири пати се сретнав со поранешниот претседател Тодор Живков. Му подарив дрес од Барса со мојот број 8, топка и други сувенири. Тој не глумеше дека е голем љубител на фудбалот, но фудбалот не му беше ниту `шпанско село`. При тогашните средби, телохранител му беше Борисов, кој подоцна стана прв човек во Бугарија. За него немаше дрес. Тој тогаш уште не беше ѕвезда, плус тоа, имавме недоразбирање. Рече дека навива за Реал и Левски. Каква двојна грешка“ – изјави Стоичков.