Легендата на бугарскиот фудбал и на Барселона, Христо Стоичков, даде изјава која нема да му се допадне на неговиот некогашен соиграч Пеп Гвардиола, а тоа е дека каталонецот имал лесна задача и среќа за време на престојот како прв тренер на Барса, бидејќи дошол на готово, составот му бил подготвен од претходникот Франк Рајкард.
Гвардиола мина четири супер успешни сезони на „Камп Ноу”, освои 14 трофеи, а во тоа време блескаа Андрес Иниеста, Чави, Лионел Меси, Дани Алвеш.
„Барселона веќе беше целосен тим. Работата на Пеп беше лесна, тој имаше перфектно структуриран тим и младински систем. Рајкард го создаде тимот, а Пеп само го презеде. Тимот ќе имаше успеси и без Пеп на клупата. Имаше мали детали кои Гвардиола требаше да ги поправи, како поголемо вклучување на Иниеста, Педро и Меси, за да направи машина од тој тим” – изјави 54-годишниот Стоичков.