Во Варна на стадионот „Спартак“ започна ревијалниот хуманитарен меч помеѓу фудбалските легенди на Бугарија и Македонија, а парите ќе бидат донирани за настраданите во пожарот во Кочани.
За нашиот источен сосед играат членови на славната генерација која во 1994 година стигна до полуфинале на Светското првенство во САД. Капитен на Бугарите е некогаш најдобриот фудбалер на светот, Христо Стоичков.
Капитенската лента во македонската селекција ја носи Горан Пандев, а во составот се многу некогашнии репрезентативци кои оставија длабок печат во македонскиот фудбал, а во улога на селектор е Ѓоко Хаџиевски.