Стоичков ја заврши тренерската кариера, продолжува како новинар

Една од најголемите, ако не и најголема легенда на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, изгледа веќе крена раце од тренерскиот занает. Неговата тренерска лиценца е истечена ред 14 месеци, а Камата ја нема обновено веројатно затоа што веќе не му треба.

Ова е најава дека Стоичков ќе се фокусира на кариерата како новинар во мексиканската телевизија “Унивижн”.

Христо и така одамна не се занимава со тренерската работа, последен клуб кој го водеше му беше Литекс во 2013 година, а за кратко беше објавен дури и како претседател и тренер на ЦСКА Софија, но ништо и од тоа.

Кариерата како тренер ја почна на 15 јули 2004 година, кога изненадувачки стана селектор на Бугарија по завршувањето на Евро 2004 во Португалија. На таа позиција остана речиси три години и не постигна никакви успеси. Со Селта испадна од шпанската Примера. Во странство последната авантура ја имаше во Јужна Африка, но тој престој му остана запаметен по интервјуто на коешто зборуваше смешен англиски јазик. Севкупно, тој се прослави како играч, како тренер ништо не направи, па сега останува да работи во телевизија и да коментира и анализира натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести