Стоичков: Младите се жртви на новата технологија и недисциплината

Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, Христо Стоичков, изјави дека новите генерации бугарски фудбалери немаат успеси како неговите врсници, затоа што сегашните млади се недисциплинирани, а новите технологии им пречат во развојот како спортисти.

„Јас кога станувам наутро, сакам нешто да ме боли. Ако ме боли, значи дека сум жив. Љубовта на луѓето ми дава енергија“ – изјави Стоичков при отворањето на клиника за рехабилитација при болницата „Света Софија“.

Стоичков пред 25 години ја освои „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер, достигнување кое е недостижно за сегашните бугарски фудбалери.

„Чекав 28 години за да ја земам таа награда, после многу труд, желба и дисциплина. Младите поколенија нема да го доживеат тоа. Тие не знаат што е дисциплина, ниту некогаш ќе знаат. Тоа не се учи. Не знаат како е кога првпат ќе влезеш во соблекувална и да имаш 20 постари соиграчи од репрезентацијата. Некој може да има и 80-90 меча за националниот тим, но џабе, кога не бил капитен и не играл на Светско првенство. Младите се жртви на технологијата, Ајпади, Инстаграми, Твитери“ – изјави Стоичков кој додаде дека не го следи бугарското првенство, бидејќи нема време, а го интересира само финалето во мексиканската лига помеѓу Крис Асул и Америка.

- Оглас -

Најнови вести