Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, Христо Стоичков, уште по завршувањето на осминафиналнте дуели на ЕВРО 2020, даде прогноза дека во финалето ќе се сретнат Италија и Англија. Камата тогаш се покажа како добар прогнозер.
„Одлично Европско првенство. Групата на смртта се претвори во група на губитниците. Тешко е да се прогнозира, но денеска моето финале е Италија – Англија!“, објави Стоичков на „Фејсбук“ на 30 јуни.
Стоичков е задоволен од квалитетот на фудбалот и се надева дека финалето ќе биде спектакл.
„Уште по осминафиналето предвидов кој ќе игра на ‘Вембли’ в недела! Одлични драми, одличен фудбал! Браво за Италија и Англија! Браво и за Шпанија и Данска! Очекувам уште подобро финале“, порачува Стоичков.