Прославениот некогашен бугарски фудбалер и екс добитник на „Златната топка“, Христо Стоичков, во интервју за аргентински медиум, рече дека добро би било ако на Мундијалот во Катар, на сите мечеви во 10-та минута публиката аплаудира, во чест на најпознатата десетка во историјата на фудбалот, Диего Марадона.
Ова ќе биде прв Мундијал по смртта на големиот Марадона, па Стоичков јавно ја кажа својата идеја.
„Марадона ми беше во срцето, загубив вистински пријател. Многу пати се имавме среќавано, имаме заеднички фотографии. Ќе гледа од горе и мислам дека би било добро да има аплаузи за Марадона во 10-та минута од секој меч. Диего сега е на добро место, може да почива во мир. Додека беше жив, тој немаше вистински пријатели, туку само луѓе околу него, кои го користеа“ – рече Стоичков.