Легендата на Барселона, Христо Стоичков почна да ја подгрева атмосферата пред почеток на дуелот во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Стоичков не пропушти шанса да го „пецне“ најголемиот ривал на каталонскиот гигант, а тоа е Реал Мадрид.
Кралскиот клуб од Мадрид за ривал го доби актуелниот европски владетел Манчестер сити, а Стоичков вели дека англискиот тим убедливо ќе победи.
„Сити ќе го прегази Реал без милост. Уште сега да знаете ќе биде 6:0 за Манчестер сити. Ќе седам и ќе се смеам“, коментираше Стоичков.