Стоичков со балкански методи се бори против Коронавирусот

Најдобриот фудбалер на светот за 1994 година, бугарската легенда Христо Стоичков, се јави од Мајами и раскажа како му изгледа секојдневието за време на пандемијата од Коронавирусот.

„Многу внимавам. Јадам лук, кромид, пијам топла вода и долго време стојам под туш со многу топла вода за да се спасам од тој вирус. Со семејството сум, со жена ми Маријана и нејзината мајка која има 80 години и треба многу да внимаваме на неа бидејќи вирусот е најопасен за возрасните. Ќерка ми е во близина, а цела недела не сум го видел внучето, но не можеме да ризикуваме. Оваа болест се пренесува многу лесно” , изјави Стоичков за каталонските медиуми и додава дека во Мајами празни се училиштата и плажите, нешто што не се памети.

 

 

- Оглас -

Најнови вести