Во ракометниот клуб Вардар, фаворитската улога пред дуелот со унгарски Веспрем му ја препуштаат на гостинот, но тоа не значи дека однапред се предаваат, особено што се игра во „Јане Сандански“. Лоша вест е дека Кристијан Дисингер се оперираше и е паузира 4-5 месеци.
„Имаме многу проблеми, но нема да зборуваме кои може да играат, кои не. Очекувам добра игра и со поддршка на публиката да дојдеме до позитивен резултат. Тоа е составот кој го имаме и мора да се бориме со тие играчи кои ги имаме. Дисингер вчера се оперираше, немаме играчи за да составиме одбрана за 6-0. Тоа е реалноста. Играчите се борат, но едноставно нема избор, тоа е максимумот што можеме да го направиме“ – вели тренерот Едуард Кокшаров.
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека последниот меч од оваа полусезона ќе биде многу тежок.
„Сите знаете каква е ситуацијата во нашиот тим. Да не се лажеме, Веспрем е апсолутен фаворит, а наше е да се бориме и да не ја разочараме публиката“ – искоментира пикерот.