Игор Карачиќ беше играчот кој прв го подигна трофејот наменет за европскиот ракометен првак. Хрватскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на фајнл фор турнирот, а по добивањето на наградата од ЕХФ, доби награда која му ја приреди капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.
Популарниот Столе му дозволи на Карачиќ да биде играчот кој прв ќе го подигне трофејот за европскиот првак. Карачиќ дојде во Вардар во 2012 година, а по овој меч заминува во Кјелце. Нема подобар начин од овој за да си замине од „црвено-црното“ семејство.