Капитенот повторно капитенски. Точка на победата на Вардар против Барселона стави Стојанче Стоилов со гол на некој секунди до крајот. Вардар утре ќе игра во финалето за втората европска титула, а противник е Веспрем.Стоилов верува дека Вардар ќе има убав крај на оваа сезона која личи на филм.
„Губиме 7 разлика против Барселона, скоро е невозможно да победиме, но уште еднаш покажавме карактер, притискавме и видовте што се случи. Имаме победнички менталитет. Треба и среќа да се има, но најважно е што не се предадовме, се боревме до крајот. Цела сезона е како еден филм за нас. Стигнавме до фајнлфорот, губевме седум разлика, а на крајот победивме и ќе играме во финале. Посакувам утре да имаме добар крај. Го победивме несомнено најдобриот тим. Треба да се плашат од нас“, рече Стоилов.
Финалето против Веспрем е утре, со почеток во 18 часот.