Стоилов и Пешевски не пропуштија прилика да се сликаат со Мвумби (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Светското првенство во Египет, па нашите пикери Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски ја искористија приликата да се фотографираат со најголемиот хит на првенството, „дебелкото“ од 137 килограми од ДР Конго, пикерот Готје Мвумби.

Мвумби ги вчудоневиди ракометните фанови со своите фантастични движења и покрај килажата која ја има. Стоилов и Пешевски немаа прилика да заиграат против Мвумби, но пред враќањето дома, двајцата наши пикери не ја пропуштија приликата да се фотографираат со ѕвездата на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести