Стоилов самокритичен: Не беа Хрватите толку добри, ние бевме под нашето ниво

Хрватска ја победи Македонија со 31:22, но и покрај убедливиот пораз на нашата селекција, пикерот Стојанче Стоилов вели дека „коцкестите“ не биле толку добри колку што потфрлиле избраниците на Раул Гонзалес.

„Не бевме на потребното ниво. Во одредени делови од мечот успеавме да ѝ парираме на Хрватска, но направивме многу грешки. Утнавме премногу зицери. Не играше Хрватска толку добро колку што ние одигравме под нашето ниво. Меѓутоа, нема предавање. Одиме понатаму. Може да играме рамноправно против Шпанија и Исланд“, рече Стоилов, кој даде два погодоци против Хрватска.

Македонија со две победи и еден пораз уште има реални шанси да ја помине групата и да продолжи во главната фаза. Следен ривал е Шпанија, против која ќе играме утре, додека клучен може да биде мечот против Исланд, на 17-ти јануари.\

 

- Оглас -

Најнови вести