Кошаркарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во машка конкуренција за изминатата сезона.
Најдобар стрелец во мак-баскетот е Стојан Ѓуроски од Работнички, најдобар тренер е Васко Атанасов од МЗТ Скопје, додека најдобар играч е Дамјан Стојановски, капитенот на МЗТ Скопје.

Кај младинските екипи, најдобар играч во М18 лигата е Дамјан Данев од КК Вардар, најдобар играч во М16 лигата е Михаил Анѓеловски од Водно Санс, најдобар играч во М14 лигата е Рон Јетиши од Работнички. Кај тренерите, најдобри се Љупчо Илиевски (М18), Горан Андреевски (М16) и Нермин Пепиќ (М14).
Најдобар клуб во младинска конкуренција е Вардар.

