Вардар има интересна група, а главната битка за врвот ќе ја бие со старите познаници Веспрем, екипа што ја победи во големото финале во Келн годинава за европската круна и полски Кјелце. Тука се и Мотор Запорожје, Брест Мешков, Монпелје, Порто и гигантот Кил, кој најавува враќање на патеките на успехот.
Вардар има доста промени во составот, но директорот Давор Стојановски вели дека целите се познати, нов атак на европскат круна.
„Нормално е да си одат играчи и да доаѓаат нови, но за Вардар секогаш амбициите се високи. Имаме многу интересна група што ветува возбудливи натпревари, а Вардар секако ќе атакува на првото место. Работите полека се средуваат во клубот и се надеваме дека и сезонава ќе целиме кон врвот на Европа“, изјави Стојановски.