Стојановски ја напушта Франција, најавен како големо засилување на Горица

Влатко Стојановски е пред промоција во Горица, тврдат повеќе хрватски медиуми. Македонскиот репрезентативец треба да пристигне во клубот како слободен играч, што навестува дека договорот со францускиот Ним, кој му важеше до јуни 2022 година, е раскинат.

По пет години пауза, Стојановски повторно ќе заигра во Хрватска, ако се знае дека беше играч на Сплит и праќан на позајмици во Неретванац и Дугопоље. Минатата сезона нашиот 24-годишен голгетер настапуваше за францускиот второлигаш Шамбли, каде што во 12 меча не забележа погодок.

Веќе в сабота Стојановски се очекува да дебитира за Горица во дуелот против Хајдук од четвртото коло во шампионатот на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести