Стојановски на списокот на Ним за дуелот против Ница

Единствениот македонски фудбалер во француската Лига 1, Влатко Стојановски, викендов може да дебитира за својот нов клуб Ним. Неговата екипа утре во 20 часот го пречекува тимот на Ница во рамки од второто коло, а македонскиот голгетер најверојатно ќе добие прилика да истрча на теренот пред домашната публика.

Стојановски се најде на списокот од 18 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап против Ница, откако минатиот викенд не доби таква шанса на гостувањето во Париз кај ПСЖ.

Македонецот инаку летово се пресели во редовите на францускиот прволигаш за сума од 1,5 милиони евра, напуштајќи ја Ренова по одличната сезона во домашниот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести