29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Стојановски не успеа да спречи пораз на Ним

Влатко Стојановски кој летово направи сензационален трансфер од Ренова во Ним, вечерва го имаше своето деби во француската прва лига. Тој беше резерва и влезе во 66-та минута, но за негова жал, не даде гол, и не успеа да спречи пораз на тимот кој веќе губеше од Ница со 1-2 кога влезе во игра.

Ним по две кола има два порази и гол-разлика 1-5. Но, против себе имаа два тима кои се силни, Ница има 6 бода, а веројатно утре истото ќе го постигне и првакот ПСЖ. Стојановски во Ним го носеше дресот со бројот 11. Ним речиси целото второ полувреме го играше со човек повеќе, се обидуваше да изедначи, но не успеа. Во судиското продолжение, двајца соиграчи на Стојановски добија црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести