Стојчевски со деби за памтење: Имавме шанса и да ја победиме Белгија

Андреј Стојчевски е фудбалерот кој дебитираше за македонската репрезентација на дуелот против Белгија (1:1). Дефанзивецот доби шанса во стартниот тим и одигра до 57 минута. На крајот, Стојчевски дебито ќе го памти по фактот дека Македонија не загуби во дуелот со една од најсилните европски репрезентации.

„Ова беше мое деби за А селекцијата, сон на секој играч е да настапи за репрезентација. Прекрасен ден за мене и мојата фамилија. Преубаво чувство и сакам сите да можат да го искусат ова. Имавме доста шанси, можевме на крај да победиме. Но, потоа откако имавме негатива, на крај излезе добро за нас. Важен бод за нас, и сега останува да го потврдиме во Казахстан. Знаеме каква селекција е Белгија. Ни правеа проблеми, но ние одигравме на нашето ниво, дадовме максимум и успеавме да освоиме голем бод“, рече Стојчевски.

Македонската репрезентација денеска попладне ќе отпатува за Казахстан каде в понеделник ќе игра во Астана во меч од квалификациите за СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести