Стојковиќ: Полека со сензациите, не сум во реалити шоу….Сакавте неуспех, еве го, сега плукајте и навредувајте!

Експедицијата на фудбалската репрезентација на Србија синоќа се врати во Белград по неуспехот и испаѓањето во групната фаза на Европското првенство.

Селекторот Драган Стојковиќ, за кого медиумите шпекулираат дека ќе биде сменет, се обрати до новинарите, но не сакаше да одговори на прашањето за евентуална оставка.

„Ајде, следно прашање”, кратко одговори Стојковиќ.

Потоа доби новинарско прашање за чувството на вина поради неуспехот во Германија.

„Вие го чекавте неуспехот, еве го, удирајте, плукајте, навредувајте. Го чекавте тоа, да не се лажеме. Негативните работи привлекуваат внимание. По ваше мислење сме лоши, по моето – не сме. Не можете да кажете дека играчите не се бореа и не се жртвуваа, што е најважно во спортот. Се бореа момците, им симнувам капа. Немојте да ги критикувате репрезентативците, бидејќи го дадоа својот максимум. Што се однесува до критиките, слободно изнесувајте ги, јас сум тука да ги прифатам”, рече Стојковиќ.

„Јас сум најодговорен, јас донесувам одлуки. Сè што правев, го правев најдобро за тимот. Од тренинзи, подготовки за натпревари, анализи на противниците, сè што е во рамките на мојата обврска. Немојте да сте толку… Малку смирете се со прашањата, не сум во реалити шоу. Не ни требаат сензации. Горд сум на момците и како ја претставија Србија. Не заборавајте, 90% од луѓето во Србија мислеа дека ќе примиме пет или шест голови од Англија“, заклучи Стојковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести