Стојоски заврши претпоследен во квалификациите, но постави нов личен рекорд

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски, заврши на претпоследното место во својата квалификациска група на 400 метри, но си постави нов личен рекорд на Олимписките игри во Токио.

Стојоски истрча време од 46.81, што е за една стотинка подобро од неговиот претходен рекорд. Заврши на претпоследното седмо место, позади него беше само Кениецот Емануел Корир поради дисквалификација.

Од вкупно 48 атлетичари во оваа дисциплина, Стојоски го завзеде 38-то место.

 

- Оглас -

Најнови вести