Столбот на италијанската одбрана ќе игра против Белгија

Џорџо Кјелини тренира со остатокот од екипата на Италија и многу веројатно ќе биде во одбранбената четворка на Аѕурите за дербито против Белгија во четвртфиналето на ЕП.

Кјелини ги пропушти претходните два дуели откако се здоби со повреда во средбата од второто коло против Швајцарија, но здравствените проблеми се минато за 35-годишниот ветеран.

Во меѓувреме, и Алесандро Флоренци се врати во тренажен процес, но селекторот Манчини нема да ризикува и повторно ќе се потпре на Ди Лоренцо како прв избор за десната бековска позиција.

Според италијанските медиуми, Манчини ќе направи само една промена во однос на мечот против Австрија, токму тоа е Кјелини, кој се враќа на своето место кое го пополнуваше Ачерби, што значи дека стрелците Кјеза и Песина, кои ја одведоа Италија во четвртфиналето, повторно ќе бидат на клупата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести