13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Столе Димитриевски дочека, ќе брани на следните мечеви на Валенсија

Во финишот на дуелот помеѓу Селта и Валенсија кој тимот од Виго го доби со 4-1, се повреди голманот на Лилјаците, Хулен Агирезабала, а бидејќи веќе беа направени пет измени, Столе Димитриевски не влезе, туку на голот застана Пепелу.

Додека Пепелу стоеше меѓу стативите, капитенот на Селта, Јаго Аспас, имаше ферплеј потег и бараше од своите соиграчи да не напаѓаат, а судијата досуди крај на средбата на која победникот веќе беше одлучен.

Тренерот Карлос Корберан рече дека Агирезабала има повреда на тетивата и делува сериозна, а прегледите деновиве ќе покажат точно колку е тешка и колку време првиот голман на Валенсија нема да може да брани. Додека тој е во аут, ќе брани Столр Димитриевски кој конечно дочека шанса да брани на мечеви од Ла Лига.

Сега за Валенсија претстојат средби со Елче, Хетафе, Еспањол, Бетис, Реал Мадрид… Дуелот со Реал на „Месталја“ е на 8-ми февруари, па ако Агирезабала паузира подолго од еден месец, македонскиот чувар на мрежата ќе настапи и против најтрофејниот клуб.

- Оглас -

Најнови вести