14.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Столе Димитриевски е магионичар на голот, лавовска игра на бедемот Зајков, Муслиу, Стојчевски…

Македонската фудбаалска репрезентација покажа зошто ја има најдобрата одбрана во групата Ј од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 и одигра 0:0 на гости кај Белгија во Гент.

Белгиците беа огромни фаворити пред мечот, на теренот доминираа домашните фудбалери, но на крајот не успеаа да постигнат гол. Македонија предводена од Столе Димитриевски на голот, заедно со Зајков, Муслиу, Стојчевски и сите останати кои командуваа во одбраната, успеаа да ги сопрат големите ѕвезди на противникот.

Де Бројне, Доку, Тросар, Салемакер, Опенда и останатите упатија дури 25 шута кон голот на Македонија, од тие пет беа во рамките на голот, но Димитриевски сите ги одбрани.

Едноставно уште еднаш се покажа дека гранитната одбрана може да го сопре и нападот на Белгија која во претходните четири меча даде дури 17 голови, што беше просек од над четири погодоци по меч.

- Оглас -

Најнови вести