20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Столе Димитриевски го повреди рамото

Столе Димитриевски се соочува со неочекувани проблеми во момент кога се очекуваше да направи следен чекор во својата кариера и да ја напушти Валенсија. Македонскиот репрезентативен голман претрпе повреда на левото рамо за време на тренинг, што значително ќе го забави неговиот трансфер.

Од клубот кратко информираа дека голманот ќе биде подложен на медицински третмани, физиотерапија и рехабилитација додека не се врати на терените. Засега не е јасно колку ќе трае неговото отсуство.

Оваа ситуација доаѓа во незгоден момент и за македонската репрезентација, која на почетокот на септември ги продолжува квалификациите за Светското првенство 2026. Димитриевски е клучна фигура во тимот, па неизвесноста околу неговиот настап сигурно ќе предизвика загриженост кај селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести