Столе Димитриевски и Валенсија се спасија од пораз против Алавес

Валенсија и Алавес во драматичен меч на „Месталја“ ремизираа 2-2, а тимот на Столе Димитриевски се спаси од пораз длабоко во судиското продолжение во дуел што траеше 101 минута.

Карлос Мартин го доведе Алавес во водство во седмата минута, а Валенсија израмни од пенал во 70-та минута преку Луис Риоха.

Во 88-та минута беше досуден пенал и за Алавес, а Столе Димитриевски не можеше да го скроти ударот на Жоан Жордан.

Валенсија се спаси од пораз со голот на Дани Гомез во 96-та минута, но и понатаму е во опасната зона на табелата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести