Столе Димитриевски испрати порака со поддршка до испаднатата Гранада

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој од 2018 година брани за Рајо Валјекано, е тажен што Гранада испадна во втората шпанска лига, па преку социјалните мрежи испрати поддршка до клубот во кој првпат бранеше на официјални мечеви по заминувањето од Работнички.

Во Гранада почна вистинската интернационална кариера на кумановецот, па тој не го заборави својот прв клуб во Шпанија.

„Поддршка за целата фамилија во клубот Гранада. Вратете се брзо на местото на кое што припаѓате“ – порача Столе кој од 2012 до 2016 беше во вториот тим на Гранада, а имаше еден настап и за првата екипа.

- Оглас -

Најнови вести