Екипата на Валенсија игра катастрофална сезона и 2024 година ќе ја заврши на делба на последната позиција на табелата во Ла Лига, па сосема очекувано, раководството на Лилјаците му врачи отказ на тренерот Рубен Бараха.
Тој на кормилото на Валенсија дојде во февруари 2023 година, но оваа сезона има ефект од две победи, шест нерешени и девет загубени натпревари, што е доволно за 12 бода, колку што има и Ваљадолид, па во продолжение од сезоната ги очекува жестока борба за опстанок во Ла Лига.
Едно од засилувањата на Валенсија минатото лето беше и нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој беше во втор план сè до повредата на Мамардашвили.