21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Столе Димитриевски не планира да „грее“ клупа, веќе побарал да си оди од Валенсија

Се чини дека престојот на Столе Димитриевски во Валенсија ќе трае само една сезона. Македонскиот голман минатото лето како еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига направи трансфер од Рајо Ваљекано во Валенсија, но не ја доби посакуваната минутажа.

Валенсија го продаде Мамардашвили во Ливерпул, но Грузиецот остана како позајмен на „Местаља“, па Димитриевски беше негова замена и собра само девет настапи, пет во Купот и четири во Ла Лига.

Според шпанските медиуми, Димитриевски нема намера да „грее“ клупа и следната сезона и веќе побарал од раководството на „лилјаците“ да си оди. Интерес за Македонецот не недостасува, а неговата вредност во моментов е 2,5 милиони евра.

Останува на раководството на Валенсија да одлучи дали ќе му го раскине договорот и ќе го пушти да си оди како слободен фудбалер или сепак ќе бара некакво обесштетување од заинтересираните екипи.

- Оглас -

Најнови вести