13.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Столе Димитриевски: Очекуваме поддршка од трибините и мислиме на победа

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер на Арената во Скопје го пречекува Казахстан. Херојот од ремито со Белгија, Столе Димитриевски, очекува полни трибини, голема поддршка и најавува дека нашиот национален тим размислува само со победа.

“Нашата цел е да излеземе и да победиме. Очекувам да имаме голема поддршка и од публиката. Се надевам дека ќе биде во голем број на стадионот да ни даде дополнителна сила. Секако дека има разлика меѓу Белгија и Казахстан, но сигурно нема да биде лесно, но ќе потенцирам дека со помош на публиката очекувам да стигнеме до поволен резултат, а тоа секако е победа за нас”, истакна голманот на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести