Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, најверојатно останува член на Валенсија, но во претстојната сезона нема да биде на голот на Лилјаците.
Столе не сака да биде втор голман и по заминувањето на Грузиецот Мамардашвили, па иако во моментов тренира со Валенсија, наскоро може да ја смени средината. Шпански медиуми откриваат дека Валенсија му го понудила кумановецот на новиот прволигаш Елче, да брани за нив како позајмен.
Интерес за Димитриевски има и од други шпански клубови, но Елче е фаворит бидејќи таму речиси сигурно би бил главен голман и ќе ја има посакуваната минутажа.