Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, по пауза од 372 дена бранеше на меч од Ла Лига за Валенсија. Македонецот се најде во стартаната постава откако првиот голман на „лилјаците“ се повреди, но прими гол од единствениот шут кој одеше во рамки на неговиот гол.
Валенсија иако имаше повеќе од играта, сепак гостите во 75-тата минута дојдоа во водство, па „лилјаците“ мораа да се спасуваат со гол од пенал во 87-мата минута.
Столе Димитриевски последниот настап на првенствен меч за Валенсија го имаше на трети јануари минатата година во поразот од 1-2 против Реал Мадрид на домашен терен.

