Столе Димитриевски се најде во идеалниот тим на колото во Топ 5 лигите во Европа! (Фото)

Спортскиот портал 365scores, состави тим на неделата од играчи во Топ 5 лигите во Европа, и во идеалниот тим, на голот го смести Столе Димитриевски.

Димитриевски имаше одлична партија на гостувањето кај Барселона, вторпат по ред не прими гол против ривал со моќен напаѓачки потенцијал и тоа му донесе место во европскиот дрим-тим за овој викенд.

На Димитриевски друштво му прават ѕвезди од типот на Алаба, Де Бројне, Нејмар, Жоао Феликс, Габриел Жезус, Влаховиќ…

- Оглас -

Најнови вести