Валенсија е последниот осминафиналист на шпанскиот Куп, откако го совлада второлигашот Елденсе со 0-2 на гостински терен. Македонскиот репрезенаттивен голман, Столе Димитриевски, мина 90 минути на теренот и имаше две успешни интервенции, па на крајот вторпат како голман на Валенсија завршува со „чиста мрежа“, и во двата случаи во натпревари од Купот на Шпанија.
Головите за Валенсија беа дело на Серхи Канос во деветтата и Диего Лопес во 39-тата минута.