11.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Столе Димитриевски со чиста мрежа, важен триумф за Валенсија

Валенсија оствари многу важна победа на гости кај Леванте (0-2), со која се искачи на 14-тата позиција на табелата со 24 бода. Сега Лилјаците можат полесно да дишат, иако и понатаму се меѓу екипите кои грчевито ќе се борат за опстанок.

Столе Димитриевски беше одличен на голот и сочува чиста мрежа, а неговите соиграчи во второто полувреме успеаја да постигнат два гола.

Ларги Рамазани го отвори резултатот во 64-тата минута, а триумфот го потврди Умар Садик дваесет минути подоцна.

Леванте по овој пораз останува на претпоследното место со сѐ помали шанси да остане во елитата и следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести