Столе и Рајо во првото коло гостуваат кај Барса, Реал одбраната на титулата ја почнува кај Алмерија

Реал Мадрид одбраната на шампионската титула во шпанската Примера дивизија ќе ја почне на гостување кај новиот прволигаш Алмерија. Стартот на новата сезона во Ла Лига е закажан за 14 август.

Рајо Валјекано, на чиј гол е Столе Димитриевски, во првото коло има тешко гостување на „Камп ноу“ против Барселона, која како и Реал, секогаш е еден од главните претенденти за титулата.

Првото Ел Класико помеѓу најтрофејните клубови Реал Мадрид и Барселона е во деветто коло, на 16 октомври во Мадрид, а второто е на 18 март следната година во Барселона.

Во шестото коло на 18 септември, Атлетико го пречекува Реал во мадридското дерби, а првото градско дерби во Барселона помеѓу Барса и Еспањол е на 31 декември.

- Оглас -

Најнови вести