1811 Хамбургер – Дармштад (Цвајта, Германија, 18.30 часот)
Ова е дерби на петтото коло во Втората германска лига и дуел на два големи кандидати за пласман во Бундеслигата.
Приказната трае од лани, кога ХСВ за влакно и на гол-разлика го претрка Дармштад во битката за третото место што водеше во бараж.
И двете екипи го завршија првенството со по 60 бода, а Хамбургер имаше подобра гол-разлика и потоа во двомеч со Херта не успеа да се пласира во повисок ранг.
Дармштад сака да се реваншира и за дебаклот од 0:5 против ХСВ во последниот меѓусебен меч, што веројатно беше и клучен момент за да ги загуби шансите за пласман во Бундеслигата.
Двете екипи се одлични за второлигашката конкуренција и се надеваат дека овојпат ќе се изборат за директен пласман во Бунделсигата, па очекуваме голови.
Предлог тип: ГГ (1.49)
1812 Магдебург – Хановер (Цвајта, Германија, 18.30 часот)
Магдебург лошо ја почна сезоната, во која се врати во Втората лига по три години пауза и има два порaзи во Цвајта и елиминација во Купот на Германија.
Некогашниот источногермански гигант има фантастична публика, но нема тим за високи дострели, па Хановер е фаворит, ако го преживее пеколот на МДЦЦ арената.
Мечот ветува многу голови, но според нас, подобро е да се одигра дека Хановер нема да биде поразен во Магдебург и дека ќе има најмалку три гола.
Предлог тип: Х2&3+ (2.50)
1301 Еспањол – Рајо Валјекано (Ла Лига, Шпанија, 20 часот)
Столе Димитриевски пак ќе биде во фокусот и денеска ќе брани за историја и дупли хет-трик без примен гол против каталонските екипи во Ла Лига.
Минатиот викенд третпат по ред не прими гол против гигантот Барселона во мечеви од шпанското првенство, а и вечерва од 20 часот повторно има уникатна шанса против Каталонци, и тоа од Барселона, да наниже трет натпревар без примен погодок.
На претходните два минатата сезона Рајо Валјекано победуваше со по 1:0, а типуваме дека Еспањол сега ќе освои еден бод и ќе избегне пораз, а се надеваме дека Столе пак ќе успее да ја одбрани својата мрежа и да стане првиот голман во Ла Лига што трипати по ред не примал голови против Барселона и Еспањол.
Предлог тип: Х (3.05)
1801 Борусија Менхенгладбах – Херта (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Борусија има посакуван старт во Бундеслигата со победа и реми и ако успее да ја надигра Херта, ќе има залиха од 7 бода од можни девет, а што е исто така важно, ќе ја продолжи долгата серија без пораз.
Тимот од Менхенгладбах е во серија од 10 меча без неуспех, сметајќи ги и летните подготвителни натпревари.
Кај Херта тешко се менуваат работите, тимот е во криза со шест меча без победа, па се чини дека и сега ја чека битка за опстанок, како и лани, кога едвај се спаси од испаѓање со победа во бараж-двомеч со Хамбургер.
Предлог тип: 1 (1.67) Супер тип на Sport Life
1701 Лион – Троа (Лига 1, Франција, 21 часот)
Троа почна лошо во новата сезона, со два порази од Монпеллје и Тулуз на кои прими по 3 гола.
Сега треба да се вадат против екипа од која имаат 9 порази по ред и комплекс против Лион, кој е голем фаворит и за десетка во низа против денешниот ривал.
Проблем за популарните Лавови од „Жерлан“ е што има доста проблеми со повреди, па вечер нема да играат Ауар, Боатенг, Диоманде и Лопес, а неизвесен е и настапот на Дембеле.
Сепак, Лион има убава шанса да стартува со две победи по ред во Лига 1 и нема да ја пропушти можноста да слави, по победата против Ажаксио минатиот викенд.
Предлог тип: 1&2>1 (2.15)